Вода
Sunday, December 16, 2012
Општо за водата
Водата е супстанца, чиишто молекули се составени од атоми на водород и кислород и е важна за сите познати форми на живот .
Во најчеста употреба, водата се јавува во течна агрегатна состојба, но таа има и цврста состојба (мраз) и гасна
агрегатна состојба (водни испарувања или пареа). Водата покрива 71%
од површината на планетата Земја.
На Земјата, најчесто се наоѓа во океаните и другите големи водни. Океаните
содржат 97% од површинската вода, глечерите и поларните ледени капи 2,4% и
другите површински води како реки, езера и езерца 0,6%. Многу мала количина од
Земјината вода се содржи во биолошките тела и во вештачки изработените
производи.
Водата на Земјата постојано се движи во циклус на испарување, кондензација и истечни води кои најчесто
стигнуваат до морињата .
Чистата, свежа вода за пиење е неопходна за човекот и другите форми на
живот. Пристапот до безбедна вода за пиење во последнава декада сигурно и
значително се подобрува скоро во секој дел на светот. Некои научници предвидуваат
дека до 2025 повеќе од половина од светското население ќе се соочи со
ранливост поврзана со вода. Водата има важен дел во светската економија,
бидејќи функционира како растворувач за голем број различни хемиски материи и
го олеснува индустриското ладење и транспорт. Приближно 70% од свежата вода се
користи во земјоделството.
Загадување на водата
Секоја природна вода, чиј квалитет се менува по природен или вештачки пат, при што водата станува неупотреблива или опасна ва човекот и пошироко, сe смета за загадена вода. Во современиот свет, во услови на засилена урбанизација, индустријализација, развој на модерното замјоделство и земјоделската технологија, во услови на демографска експлозија и се поголема потрошувачка на вода, водата се повеќе се загадува.
Загадувањето на водите мо`е да биде најразли~но:
- Механичко загадување - претставува најлесен вид на загадување. Кај овој вид загадување доаѓа до заматување на водите со разни ситни механички честички. Овој вид на загадување е резултат на: поројните дождови, односно ерозивните процеси, но се јавува и од јаловината на рудниците (пр. случајот со рудникот Саса од Македонска Каменица), каменоломите, фабриките за цемент, итн.
- Биолошко загадување - претставува загадување на водите со микроорганизми. Овој вид на загадување е карактеристично за отпадните води од: земјоделството, сточарството, прехрамбената индустрија (месна, млечна, конзервна, пиво, шеќер...).
- Хемиско загадување - овој вид загадување се јавува како резултат од развојот на индустријата и пошироко и претставува посебен проблем. Постојат повеќе извори на хемиско загадување: минералните и органските киселини и нивните соли, хлорот, металите (олово, цинк, бакар и железо), потоа амонијакот, фенолите, живата, цијанидите и друго. Сите овие загадувачи се мошне опасни за сите видови живи организми.
- Термално загадување - се врши преку процесот на ладење на индустриските машини, нуклеарните реактори, итн. На таков начин водата ја менува температурата во однос на околината и ја нарушува животната средина. Констатирано е дека главен извор на овој вид загадување се термоелектраните и нуклеарните централи, каде што водата се користи за ладење на генераторите во текот на производниот процес.
Subscribe to:
Posts (Atom)