Sunday, December 16, 2012

Општо за водата


Водата е супстанца, чиишто молекули се составени од атоми на водород и кислород и е важна за сите познати форми на живот .

Во најчеста употреба, водата се јавува во течна агрегатна состојба, но таа има и цврста состојба (мраз) и гасна агрегатна состојба (водни испарувања или пареа). Водата покрива 71% од површината на планетата Земја. На Земјата, најчесто се наоѓа во океаните и другите големи водни. Океаните содржат 97% од површинската вода, глечерите и поларните ледени капи 2,4% и другите површински води како реки, езера и езерца 0,6%. Многу мала количина од Земјината вода се содржи во биолошките тела и во вештачки изработените производи.

Водата на Земјата постојано се движи во циклус на испарување, кондензација и истечни води кои најчесто стигнуваат до морињата .

Чистата, свежа вода за пиење е неопходна за човекот и другите форми на живот. Пристапот до безбедна вода за пиење во последнава декада сигурно и значително се подобрува скоро во секој дел на светот. Некои научници предвидуваат дека до 2025 повеќе од половина од светското население ќе се соочи со ранливост поврзана со вода. Водата има важен дел во светската економија, бидејќи функционира како растворувач за голем број различни хемиски материи и го олеснува индустриското ладење и транспорт. Приближно 70% од свежата вода се користи во земјоделството.

No comments:

Post a Comment