Секоја природна вода, чиј квалитет се менува по природен или вештачки пат, при што водата станува неупотреблива или опасна ва човекот и пошироко, сe смета за загадена вода. Во современиот свет, во услови на засилена урбанизација, индустријализација, развој на модерното замјоделство и земјоделската технологија, во услови на демографска експлозија и се поголема потрошувачка на вода, водата се повеќе се загадува.
Загадувањето на водите мо`е да биде најразли~но:
- Механичко загадување - претставува најлесен вид на загадување. Кај овој вид загадување доаѓа до заматување на водите со разни ситни механички честички. Овој вид на загадување е резултат на: поројните дождови, односно ерозивните процеси, но се јавува и од јаловината на рудниците (пр. случајот со рудникот Саса од Македонска Каменица), каменоломите, фабриките за цемент, итн.
- Биолошко загадување - претставува загадување на водите со микроорганизми. Овој вид на загадување е карактеристично за отпадните води од: земјоделството, сточарството, прехрамбената индустрија (месна, млечна, конзервна, пиво, шеќер...).
- Хемиско загадување - овој вид загадување се јавува како резултат од развојот на индустријата и пошироко и претставува посебен проблем. Постојат повеќе извори на хемиско загадување: минералните и органските киселини и нивните соли, хлорот, металите (олово, цинк, бакар и железо), потоа амонијакот, фенолите, живата, цијанидите и друго. Сите овие загадувачи се мошне опасни за сите видови живи организми.
- Термално загадување - се врши преку процесот на ладење на индустриските машини, нуклеарните реактори, итн. На таков начин водата ја менува температурата во однос на околината и ја нарушува животната средина. Констатирано е дека главен извор на овој вид загадување се термоелектраните и нуклеарните централи, каде што водата се користи за ладење на генераторите во текот на производниот процес.
No comments:
Post a Comment